Над 500 домаќинства ќе добијат финансиска поддршка за набавка и вградување инвертер клима уреди. Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги објави списоците на добитници на ваучери во рамки на Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2026 година.
Според Министерството, за двете опфатени категории се доделени над 500 потврди-ваучери. Со нив на домаќинствата што ги исполнуваат условите им се овозможува финансиска поддршка за набавка и монтажа на инвертер клима уред.
Од Министерството ги повикуваат граѓаните кои се наоѓаат на објавените списоци да ги проверат информациите и да ги следат предвидените чекори за искористување на поддршката.
Целта на мерката е да им се помогне на ранливите потрошувачи на енергија преку поддршка за набавка на енергетски поефикасен начин на загревање и ладење на домовите.
Списоците на добитници се објавени од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.