Македонија

Надминат проблемот со системот на границите – повторно се пропуштаат возила

Надминат проблемот со системот на границите – повторно се пропуштаат возила

Утрово имаше проблем со системот на граничните премини на Северна Македонија. Ова на бТВ го соопштија од македонското МВР.

Од таму додале дека тешкотиите беа на сите гранични премини, не само на „Деве Баир“, кој е на границата со Бугарија.

Проблемот е веќе решен и автомобилите повторно се пропуштаат и влегуваат и излегуваат од државата, вели портпаролката на Министерството за внатрешни работи на Северна Македонија, Сузана Талевски.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни