Граѓанската иницијатива „Во одбрана на Буњаковец“ повторно алармира за проблем со глодари на општинскиот паркинг кај трговскиот центар „Буњаковец“ во скопската Општина Центар.
Од иницијативата објавија фотографии на кои, како што наведуваат, се гледаат стаорци и глувци на просторот меѓу трговскиот центар и основното училиште „Ј. Х. Песталоци“.
„Живи и мртви. Граѓаните се жалат на присуство на стаорци и глувци на општинскиот паркинг меѓу Т.Ц. Буњаковец и основното училиште „Ј. Х. Песталоци“. Фотографиите се од 17.09.2026“, соопштија од иницијативата.
Оттаму бараат надлежните институции да реагираат и да преземат мерки за решавање на проблемот. Повик за реакција е упатен до Општина Центар, градоначалникот Горан Герасимовски и општинскиот инспекторат.