Најчевска: Не гледам суштинска разлика меѓу Мицкоски и Анѓушев

Професорката Мирјана Најчевска на својот фејсбук профил напиша дека не гледа суштинска разлика меѓу претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и вицепремиерот Кочо Анѓушев.
 
 
„Треба да биде донесен закон за следење на потеклото на имотот.
 
Требаше да биде донесен одамна ама ете.
 
Не е доволно само да се даваат анкетни листови туку треба да се види како тоа асистент на факултет станува сопственик на 10 електрани и како доцент на факултет станува најбогат човек во државата.
 
И да ви кажам право јас не гледам суштинска разлика меѓу Мицкоски и Анѓушев. Трагата на парите може да се следи. Само ако се сака“, напиша Најчевска.
 

Извор: Сител телевизија