На 08.09.2020 во 04.20 часот на регионалниот пат Штип –
Кадрифаково, кај нас. Три Чешми, полициски службеници
забележале товарно возило „ивеко“ со скопски регистарски ознаки,
кое се движело од Штип кон с.Кадрифаково. Во еден момент
возачот го запрел возилото и го напуштил местото. Полициските
службеници извршиле преглед на возилото, при што во просторот
определен за товар биле затекнати 63 мигранти од кои 18
малолетни лица (62 лица биле од Авганистан и едно од Сомалија).
Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на
случајот.
Се вчитува...
.
