Свет

Најмалку 18 загинати во самоубиствени напади во североисточна Нигерија

Најмалку 18 загинати во самоубиствени напади во североисточна Нигерија

Најмалку 18 лица загинаа, а десетици се ранети во самоубиствени напади во нигериската држава Борно, соопштија локалните власти.

Бомбаши самоубијци извршиле напади за време на свадба и погреб, а цел на нападот била и болница во градот Гвоза, пренесуваат медиумите.

Никој не ја презеде одговорноста за нападите, но начинот на кој тие беа извршени укажува дека тоа се акции на движењето Боко Харам.

Оваа екстремистичка организација има упориште во североисточниот регион на Нигерија, на границата со Камерун.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Борче Треновски, универзитетски професор 15.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни