Македонија

Најмалку 20 млади Македонци поврзани со криминални кланови во Србија и Црна Гора

Најмалку 20 млади Македонци поврзани со криминални кланови во Србија и Црна Гора

Најмалку 20 македонски државјани, главно на возраст од 18 до 25 години, се поврзани со криминални активности во Србија или Црна Гора, објави „КОД“, повикувајќи се на податоците до кои дошла редакцијата.

Истражувањето опишува начин на регрутирање во кој на младите првично им се нудат пари, сместување и чувство на припадност. Потоа, според емисијата, добиваат задачи што можат да почнат со палење автомобили, а да продолжат со транспорт на дрога и насилни напади.

„КОД“ наведува дека во дел од случаите на регрутираните им се одземаат пасошите, а им се обезбедуваат лажни документи. Со вклучувањето во кривични дела, нивното излегување од криминалната средина станува сè потешко.

Емисијата посочува дека еден од младите Македонци загинал во Белград, а други двајца се во притвор во Србија и во Црна Гора.

Соговорничките од академската заедница предупредуваат дека криминалните групи ги искористуваат ранливоста, потребата за прифаќање и желбата за материјална сигурност кај младите. Според нив, раното препознавање на ризиците бара заедничка работа на семејствата, училиштата и социјалните служби.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Борче Треновски, универзитетски професор 15.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни