4NEWS.mk

Најмалку 34 повредени во експлозијата пред полициска станица во Кабул

 Најмалку 34 лица се повредени кога автомобил бомба рано утринава експлоздира во западно предградие на Кабул, изјавија претставници на локалната власт, пренесува ДПА.

-Експлозијата се  случи на влезот од полициска станица, изјави портпаролот на Министерството за внатрешни работи Насрат Рахими.

Портпаролот на МИнистерството за здравство Вахидулах Мајар соопшти дека повредените се префрлени во градските болници.

Очевидци изјавуваат дека по експлозијата можеле да се слушнат истрели од огнено оружје. 

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни