Свет

Најмалку десет загинати во пожар во хотелски комплекс во Камбоџа

Најмалку десет загинати во пожар во хотелски комплекс во Камбоџа

Најмалку десет жртви загинаа во пожар оваа ноќ во хотелски комплекс со казино во камбоџанскиот град Попе, кој се наоѓа на границата со Тајланд, јави Франс прес.

Пожарот избувна во 23:30 часот по локално време (16:30 часот по Гринич), оставајќи „околу десет лица загинати и триесет повредени“, се вели во прелиминарниот полициски извештај, соопшти АФП.

На снимката споделена на социјалните мрежи се гледаат размерите на пожарот. Некои од повредените се хоспитализирани во тајландската провинција Са Каео, соопшти Министерството за надворешни работи на соседната земја.

„Властите се обидуваат да го контролираат пламенот со помош на противпожарни возила од Тајланд“, соопштија од одделот.

Претставник на тајландската служба за итни случаи изјави за АФП дека пожарот брзо се проширил во казиното на високиот хотел поради теписите на подот.

За време на пожарот во зградата имало и странски државјани.

Камбоџанскиот пограничен град Попет е популарна дестинација со многу казина кои привлекуваат тајландски посетители бидејќи се забранети во нивната татковина.

Во последниве месеци, голем број смртоносни пожари се забележани во Југоисточна Азија, а често меѓу можните причини е непридржувањето кон безбедносните мерки, наведува АФП.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни