Поврзи се

4NEWS.mk

Најмногу работници во Гевгелија бараат хотелите, транспортот и текстилните компании

Хотелите, угостителите, транспортерите, текстилната и преработувачката индустрија се секторите во Гевгелија кои во моментот имаат огласено дека бараат работници, односно вкупно 145.

Според податоци од Агенцијата за вработување кои се извлечени од огласите на работодавачите од гевгелиските компании, казино хотелите од Гевгелија бараат шеесетина работници на разни позиции.

Транспортните компании бараат возачи на камиони, текстилните компании моментните потреби би ги задоволила со 40 работници, а преработувачите на овошје и зеленчук бараат триесетина сезонски работници.

Според надлежните институции Општина Гевгелија и натаму останува меѓу општините со најмала невработеност бидејќи моментно невработени се околу 500 гевгеличани. 

Извор: Сител телевизија

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com