Денешните напади на аеродромот во Кабул го означуваат најсмртоносниот ден за американските војници во Авганистан во повеќе од една деценија.
Во август 2011 година, хеликоптер со американски специјалци беше соборен од талибанските војници во долината Танги, на околу 97 километри југозападно од Кабул.
Тој ден загинаа триесет американски војници.
За потсетување, имаше два бомбашки напади на аеродромот во Кабул насочени кон луѓе кои очајнички сакаа да ја напуштат земјата по преземањето на Талибанците.
Експлозии се случија пред портата Аби – каде што беа стационирани американските и британските сили – и во блискиот хотел
Американските власти велат дека меѓу жртвите се 11 американски маринци и лекар. Канада им се придружи на неколку европски држави во завршувањето на операциите за евакуација.
Огромни толпи луѓе се собраа и на границата на Авганистан со Пакистан, додека луѓето се обидуваат да побегнат од владеењето на Талибанците