Најстудено утрово на Попова Шапка

Утрово во земјава беа измерени пониски минимални температури, при што најстудено беше на Попова Шапка, Лазарополе и Берово со 5 степени. Во Битола, Маврови Анови и Претор се измерени 6 степени, додека 8 степени имаше во Крушево, Прилеп и Крива Паланка. Температура од 9 степени е регистрирана во Струмица, Демир Капија, Охрид и Гевгелија, 10 степени во Штип, 11 во Кавадарци и Тетово, 12 во Куманово и Виница, а најтопло утрово беше во Велес и на Скопје-Зајчев Рид со 13 степени.

Во текот на денот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во јужните делови ќе има услови за краткотраен локален дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, што ќе придонесе за посвежо чувство во текот на денот.

Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 17 до 25 степени.

Во Скопје се очекува променливо облачно време со слаб до умерен северен ветер, а температурата ќе достигне до 23 степени.