Најстудено утрово во Берово, измерени -5 степени

Најстудено утрово во Берово каде се измерени -5 степени. Под нулата се и Скопје-Петровец, Битола, Струмица и Маврови Анови со -2 степени, додека -1 степен е измерен во Крива Паланка, Велес, Демир Капија и Тетово. Нула степени се регистрирани во Гевгелија, Штип, Куманово, Прилеп, Претор и на Попова Шапка. Во Скопје на Зајчев Рид, Кавадарци и Охрид се измерени 1 степен, во Крушево 2, а најтопло утрово е во Виница со 3 степени.

Снежна покривка има само на Попова Шапка, каде висината на снегот изнесува 60 сантиметри.

Според прогнозата, времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, а максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 15 до 21 степен.

Во Скопје времето ќе биде сончево и релативно топло, со слаб ветер од променлив правец. Максималната температура во главниот град ќе достигне околу 20 степени.