Кога ќе заврши годишниот одмор, остануваат убави спомени, сеќавања и мислата „дека траеше многу малку“.
Ова чувство очигледно ја придружува актерката Оливија Кулпо, која беше во Грција на почетокот на месецот и иако се врати на своите деловни обврски и секојдневие, на Инстаграм сподели повеќе фотографии од одморот:
„Необјавено од Грција … со некои луѓе што навистина ги сакам (последната снимка ми е омилена) “, напиша таа во описот.
Сликите покажуваат дека одлично се забавувала со пријателите и семејството, а меѓу фотографиите биле и оние каде била топлес, како и во бело бикини.
Кога ќе ги погледнете фотографиите, ќе разберете зошто велат дека таа е најубавата жена на светот.
