Во живо Отворено студио Избори Србија 2026 Гледај
4NEWS.mk

Намален бројот на туристи во мај

Во мај годинава во земјава се евидентирани 98 998 туристи кои оствариле 205 356 ноќевања, покажуваат податоците на Држваниот авод за статистика.

Бројот на туристите во мај 2019 година во однос на истиот месец лани е намален за 4.8 %, а бројот на ноќевањата за 2.8 %.

Бројот на домашните туристи е намален за 4.1 %, а на странските за 5.2 %.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во мај 2019 година, во однос на мај 2018, е намален за 11.7 %, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 2.1 %.

Во периодот јануари – мај 2019 година, пак, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 0.1 %, и тоа: кај домашните туристи за 2.6 %, додека кај странските има намалување за 1.0 %.

Бројот на ноќевањата е намален за 0.3 %, и тоа: кај домашните туристи за 0.4 %, а кај странските за 0.2 %.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Избори Србија 2026 - отворено студио

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни