Намален процентот на заразени во Скопје, и натаму најмногу активни случаи во Гази Баба

Од новодијагностицираните случаи на Ковид-19, речиси во сите извештаи кои ги праќаше министерството за здравство, речиси 50% и повеќе беа во Скопје. Но, денеска од 1112 случаи, 321 се во главниот град.

По општини, и натаму најмногу заразени има во Гази Баба, после неа следи Аеродром, па Кисела Вода, Карпош и Центар.

Најмал број на активни случаи има во Арачиново – 34.

„Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)• Чаир – 623• Гази Баба – 1472• Аеродром -1424• Карпош – 1192• Центар – 1188• Кисела Вода – 1205• Ѓорче Петров – 827• Бутел – 551• Шуто Оризари – 183• Студеничани – 52• Сарај – 152• Арачиново -34• Илинден – 245• Сопиште – 63• Чучер Сандево – 104• Петровец –125• Зелениково -73• Странец – 173• Нераспределен- 197“.

.

Извор: ТВ21