Македонија

Наместо Димовски, Авировиќ оди за амбасадор во Франција?

Наместо Димовски, Авировиќ оди за амбасадор во Франција?

Во јавноста како иден амбасадор во Франција се погласно се споменува името на поранешниот амбасадор во Израел и поранешен шеф на мисијата во Обединетите нации, Пајо Авировиќ.

Ваквата одлука би следувала откако сега веќе поранешниот директор на АНБ, Виктор Димовски, беше разрешен од позицијата директор по скандалозното давање на државјанство за Олександр Онишченко, проруски бизнисмен од Украина кој во матичната земја бил гонет за перење на пари и бил на црна листа на САД.

За случајот, Димовски изјави дека утврдиле пропусти кај едно лице од Агенцијата, но новиот директор Зарко Милошевски не откри детали, бидејќи информациите биле на ниво на државна тајна.

Инаку, земјава има 14 празни амбасадорски позиции, меѓу кои во Германија, Велика Британија, Кина, Бразил и Полска.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни