Вчера околу 16.45 часот во Полициската станица Гостивар биле лишени од слобода Е.Х.(21) од с.Лакавица и М.Х.(51) поради физички напад врз И.К.(42) од с.Здуње, гостиварско, вработен во Ј.П.„Национални шуми – Гостивар“.
Според пријавеното, И.К., вршејќи контрола на атарот на с.Лакавица, забележал патничко моторно возило „форд транзит“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Е.Х., а натоварено со огревни дрва без документи.
Набрзо на местото дошол и М.Х. и по кратка вербална расправија, тој физички го нападнал И.К.
Дрвата се одземени и предадени на Шумска полиција.
По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.