Свет

Напаѓачот на Трамп користел дрон над местото на настанот

Напаѓачот на Трамп користел дрон над местото на настанот

Напаѓачот на републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп користел беспилотно летало над местото на настанот неколку часа пред атентатот на поранешниот американски претседател на митинг во Пенсилванија минатата сабота, изјави неименуван добро информиран извор за NBC News.

Изворот навел дека снимката направена од дронот му овозможила на атентаторот Томас Крукс да добие поглед одозгора, што можеби му помогнало да го испланира нападот врз Трамп.

„Дронот и опремата за беспилотни летала се пронајдени од возилото на Крукс“, изјави висок извор од органите на редот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни