НАСКОРО: Ексклузивни видео снимки од последниот концерт на Шабан Шаулиќ

Три години по концертот на Шабан Шаулиќ одржан во белградска „Арена“, публиката конечно ќе може да види снимки од овој музички спектакл.

Оваа информација во име на семејството Шаулиќ ја објави менаџерот на Шабан, Горан Јовановиќ преку социјалните мрежи и воодушеви милиони обожаватели на трагично загинатиот крал на народната музика.

На 6 октомври 2018 година, Кралот на народната музика одржа голем музички спектакл наречен „Оваа ноќ повторно“ пред повеќе од 22.000 луѓе.

Три години подоцна, започнуваме да објавуваме ексклузивни снимки од овој концерт! Легендите не умираат се додека живеат нивните дела! – пишува во соопштението.