Наскоро ќе почне полагањето за сертификати на возачи преку електронскиот систем

Полагањето за сертификати на возачи преку електронскиот систем ќе почне многу наскоро, би рекол во текот на наредните денови. Се подготвуваат сите последни детали во фирмата која е одбрана да го спроведува преку електронски систем, во делот на просторните услови и можностите кои треба да бидат предвидени согласно законот, најави денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Како што посочи во одговор на прашање на денешната прес-конференција во Владата,  во текот на наредните денови ќе бидат повикувани сите транспортни компании со нивните вработени возачи да пристапат кон можноста да полагаат.

-Верувам дека за неколку недели овој проблем ќе биде намален и надминат. Набавката која беше планирана во Генералниот секретаријата на Владата е завршена и е избрана фирма која ќе ги врши испитите не само во делот на транспортот, туку и во делот на другите ресори во кои има таков тип на електронско полагање и во Министерството за правда, но и во останатите министерства. Во Транспорт и врски прашањето беше во делот на полагањето за сертификати на возачите и можам да кажам дека тоа е надминато, рече Бочварски.

Поради доцнењето со формирањето на Државниот испитен центар за сертификација околу 800 транспортери не можат да возат надвор од земјава.

Поврзани вести

ПОРАДИ ОВА, ХОРОСКОПСКИТЕ ЗНАЦИ ГО ГУБАТ ТЛОТО ПОД НОЗЕТЕ: Стрелецот не поднесува осаменост, Овенот кога го игнорираат…

Животот понекогаш не доведува во тешки ситуации со кои не можеме да се справиме на вистински начин. Некои бараат помош од пријател, а некои сакаат да поминат низ бура која ја преплавила...

2022 Е ГОДИНА НА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ: Магичната серија 2-2-2 им носи успех и луда среќа на овие знаци!

2022 година ќе биде година на големи промени. Специфичен е од повеќе причини, особено поради тоа што го красат три пара. Оваа серија има посебно значење и моќ, велат нумеролозите.

ОВА СЕ НАЈПОЗНАТИТЕ СРПСКИ ВАМПИРИ: Плашеле, заразувале и давеле луѓе, а еден од негова вдовица барал многу НЕОБИЧНА РАБОТА!

Во Србија за прв пат се документирани вампири, односно починати кои имале надуени лица и тела, изразени очи, долга коса и нокти, кои оживуваат и прогонуваат членови на нивното семејство и заедница!

Среде Пекинг се пејат песни од Тоше Проески

На социјалната мрежа се појави видео на кое се гледа како уличен музичар од Кина го пее познатиот хит на македонската музичка ѕвезда Тоше Проески. „Još uvijek sanjam da...

Најважното

342 нови случаи на ковид-19 – пријавени 7 починати лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Поворката со останките тргна кон вечните почивалишта на загинатите

 По речиси едночасовното преземање од двата бугарски воено-транспортни авиона, почна транспортот на посмртните останки на загинатите во автобуската несреќа до нивните вечни...

ВО ЖИВО: Во тек е преземањето на останките на жртвите од несреќата во Бугарија

Со едноминутно молчење, почна преземањето на посмртните останки  на жртвите од автобуската несреќа кои претпладнево со два бугарски авиона беа транспортирани на...

Почна церемонијата по повод пристигнувањето на останките на жртвите во автобуската несреќа

Почна церемонијата на Скопскиот аеродром по повод пристигнувањето на останките на жртвите во автобуската несреќа. Двата авиона од Софија...

ВО ЖИВО: Пристигнуваат телата на жртвите од автобуската несреќа во Бугарија

Денеска во Македонија пристигнуваат посмртните останки на починатите од автобуската несреќа во Бугарија. Тие пристигнуваат на Меѓународниот аеродром Скопје,...