Македонија

Насмевка и за Лидија ѝ помогнаа хумани луѓе, сака да се смести во дом за стари лица

По една недела
повторно отидовме кај Лидија во Куманово. Како ја оставивме така ја најдовме.
Легната и неподвижна.

52 годишната
Лидија од Куманово вели дека   сега е
подобро откако хумани луѓе и помогнале да купи лекови и вели дека овие денови
излегла на чист воздух благодарени на лековите.

Освен тоа, ТВ21
на оваа жена и донесе уште едно добро. Неа ја посетија и службеници од
социјалниот центар. И рекоа на Лидија да ја подготви потребната документација
за да продолжи да прима социјална помош.

Хуманите луѓе на Лидија и ја платиле и киријата за еден месец и и купиле храна. Таа им се заблагодари на сите нив.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни