Свет

„НАТО е камен-темелникот на нашата колективна безбедност“: рече Марк Руте откако беше назначен на висока функција

„НАТО е камен-темелникот на нашата колективна безбедност“: рече Марк Руте откако беше назначен на висока функција

Холандскиот премиер Мар Руте денеска и официјално беше назначен за нов шеф на НАТО. По тој повод тој на својот профил на социјалната мрежа објави.

Холандскиот премиер во заминување Марк Руте рече дека е „огромна чест што сум назначен за генерален секретар на НАТО“.

Како што наведе, НАТО е „камен-темелник на нашата колективна безбедност“.

„Алијансата е и ќе остане камен-темелник на нашата колективна безбедност“, рече тој.

„Водењето на оваа организација е одговорност што не ја земам лесно. Благодарен сум на сите сојузници што ми веруваа“, додаде тој.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни