НАТО самитот во 2027 година ќе се одржи во Тирана

Тирана ќе биде домаќин на НАТО самитот во 2027 година, ова денеска го соопшти албанскиот премиер Еди Рама.

На годишниот состанок, премиерот Рама истакна дека Албанија станува „меѓународно почитувана и ценета земја“. Тој најави и дека Албанија ќе го организира Самитот на Европската политичка заедница на 16 мај 2025 година.

– Присуството на американскиот претседател и сите лидери на НАТО во Тирана ќе биде јасна порака за новата меѓународна позиција на Албанија. Иако сме мала земја, денес сме повеќе почитувани од кога било во нашата историја, изјави Рама.

Дополнително, Рама потврди дека Албанија ќе ја забрани платформата „ТикТок“ на една година, откако платформата беше поврзана со трагичен инцидент меѓу ученици.