Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски не беше денеска меѓу Бугарите што чекаа влез во Македонија за да се упатат кон црквта „Св. Спас“ на одбележувањето за 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев.
Во видео порака тој истакна дека тоа што во моментов се случува на граничните премини во Македонија е апсолутен срам.
„Ако продолжат овие провокации, одложувајќи ги луѓето, апсолутно е навредливо за сеќавањето на Гоце Делчев да учествува во таков „циркус“ и да виси на граница како дел од антибугарска кампања“, додаде тој.