Премиерот Димитар Ковачевски ги повика македонските граѓани да не учествуваат во активности кои ја загрозуваат безбедноста на државата.
Тој потсетува дека МВР работи со полн капацитет, а сите безбедносни протоколи се споведуваат без импровизации.
„Само министерот за внатрешни работи може да одговори дали му дал налог на Комитетот за заштита и борба против тероризмот да ги смени протоколите за заштита во контекст на зачестените дојави за поставени бомби“, потенцира премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на прашања во врска со безбедносната ситуација во земјава.
Според Ковачевски, се работи за странски ВПН адреси кои не може веднаш да се детектираат со местото од каде се праќаат, а додава дека и колку и да се покаже дека дојавите се лажни, на секоја закана мора да се и се пристапи темелно и без никави импровизации.
„Истрагата е посложена во случаи кога испраќачите на заканувачките пораки успеваат да ги затскријат нивните траги. Тоа се случува кога испраќачите користат ВПН адреси. Поради тоа во многу случаи е нужна меѓународна соработка, а од МВР соработуваат со партнерски служби за ова прашање. Се прават комплетни анализи“ – додаде Ковачевски.