Претседателот на СОНК, Јаким Неделков објави дека штрајкот во образованието ќе продолжи до постигнување на договор со надлежните органи.
По редовната седница на СОНК, Неделков ги прочита заклучоците при што порача дека заклучоците од вчерашната седница на Владата се отфрлени.
„Советот на СОНК констатира дека заклучоците на Владата не водат кон решавање на несогласувањата“, кажа Неделков меѓу другото.
Од синдикатот исто така порачаа дека штрајкувачите биле заплашуван со тоа што ќе им се кратат дневници, па Неделков смета дека на таков начин се врши обид за спречување на правото за штрајк.