Анализите спроведени од Центарот за јавно здравје од Охрид покажуваат дека е неисправна водата за пиење во неколку охридски села што гравитираат североисточно од градот, во насока кон магистралниот пат што води кон Ресен.
Од Секторот за инспекциски надзор при Агенцијата за храна и ветринарство е упатено известување дека се забранува за пиење водата од водоснабдителниот објект во сопственост на месната зеадници на село Свињишта, село Опеница, Косел и Куратица, како и водата од водоснабдителниот објект – извор во сопственост на МЗ од село Речица.
Инаку, станува збор за водоводни системи што не се во рамки на Јавното претпријатие „Водовод“ од Охрид, така што јавното претпријатие нема обврска за нивно тековно одржување.
.
