Некогаш модна куќа, денеска само обична дупка – запрени работи кај бившо Беко

Од една страна дозвола за работа, а од друга, забрана за работа. На местото каде што претходно се наоѓаше БЕКО, сега е останата само огромна дупка. По уривањето на стариот објект, новиот никако да се изгради. Подигнати се само неколку столба а потоа работите запреа. Дел од опремата за работа се уште е таму. Првиот човек на општина Центар,Саша Богдановиќ во изјава за ТВ21 вели дека забраната е поради одредени нерегуларности и дека градежните работи ќе продолжат откако ќе се издаде дозвола.

Стариот објект е урнат откако инвеститорот тврдеше дека статуата е скршена. Модната куќа БЕКО е изградена во 1972. Во 1998 ја земаа Тајванци а потоа беше продадена на домашен бизнисмен. Автор на проектот старо БЕКО била архитектката Мимоза Несторова – Томиќ, една од најпознатите архитекти во Македонија.

Извор: ТВ21