Шминката за време на летниот период период треба да биде лесна, а еве неколку совети за тоа како да се нашминкате:
За почеток подлогата – се нанесува пред пудрата, а служи за изедначување на тенот и покривање на неправилностите.
Можете да ја најдете во течна, кремаста или тврда форма, а прави шминката да трае подолго.
Но, разликата меѓу обичната крема за лице и подлогата за пудра е голема.
Подлогата, за разлика од кремите кои ја хидрираат кожата, ги затвора порите, и баш поради тоа подлогата не треба да се употребува секој ден.
Можете и да ја нанесете врз кремата, па дури и без пудра, доколку самата подлога не содржи хидратантно дејство.
Доколку пак, користите светли подлоги, кои се посебно популарни во овој летен период, обрнете внимание на сјајот кој преку ден може да биде претеран. Во тој случај, пудра во прав може да го намали сјајот.
