Нема да ви се верува со што се занимава најбогатата девојка на светот: Има само 11 години!

Блу Ајви Картер е најпопуларното и најбогатото дете во светот. Таа има само 11 години и многумина велат дека е предодредена за успех

Првото дете на Џеј Зи и Бијонсе, девојчето Блу ​​Ајви Картер денес има 11 години и е рангирана како едно од трите најбогати деца во светот.

Според Форбс, на нејзината банкарска сметка има околу 800 милиони долари, а тие пари ги заработила појавувајќи се во спотови и песни на нејзините родители.

Имено, таа имала само три години кога како дел од рефренот се појавила во песната Up&Up на групата Coldplay, а на осум години ја отпеала песната Brown Skin Girl за која добила многу награди меѓу кои и BET Награда. Таа прочитала и аудиокнига, за која се шпекулираше дека и донела Греми, кое го освои за песната Brown Skin Girl, а ја видовме неколку пати во спотови на Бијонсе.

Кога имала само неколку дена, нејзиниот глас, односно плачење, бил искористен за песната на нејзиниот татко, а магазинот Тајмс тогаш ја нарекол „најпопуларното бебе на светот“.

Кога се роди и кога нејзините родители објавија дека имаат ќерка по име Блу Ајви, сите се прашуваа каде го добиле името. А потоа се обиколи дека парот бил на одмор во Хвар, Хрватска, и дека се воодушевени од синиот бршлен што расте таму, па така смислиле име за своето дете. Името веднаш било заштитено, за никој да не се нарекува така, а нејзината мајка го ставила необичното име на нејзината ќерка на неколку нејзини деловни потфати, што резултирало со неверојатен успех и зголемување на богатството на ова единаесетгодишно девојче.

Сепак, денес таа ужива најголема популарност токму благодарение на нејзиниот настап на концертите на нејзината мајка. Сè започна во Дубаи кога таа се појави на сцената како дел од танцова група, за потоа да ја придружува својата позната мајка на турнеја. Сите се восхитуваат на нејзините танцови чекори, а кога ќе заврши точка – милион луѓе навиваат за неа.

Сето тоа отстрана го следи гордата мајка Бијонсе која често лее солзи радосници кога ќе ја види нејзината наследничка како доминира на сцената.