Нема регистрирано посериозни нарушувања на процесот на гласање

По повод изборниот процес на локалните избори, се огласи и МВР. Преку својот портпарол Тони Ангеловски соопшти дека не се регистрирани посериозни нарушување на процесот на гласање.

До сега Министерството за внатрешни работи нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир во текот на гласањето, кое, генерално, се одвива мирно, без проблеми.

„По отворањето на гласачките места до 11.00 часот регистрираме по два настани на подрачјата на СВР Скопје, и по еден на подрачјето на СВР Штип, СВР Куманово и на СВР Велес.

Во СВР Скопје било пријавено дека на гласачко место 2600 граѓанин ги фрлил гласачките ливчиња затоа што не му била дозволена помош од друго лице при гласањето. Се преземаат мерки за расчистување на случајот-рече Ангеловски.