Во тетовското село Слатино, пронајдени се мртви 36-годишна жена и нејзината четиригодишна ќерка. Според информациите од СВР Тетово, сопругот на жената, кој е подложен на лекарска помош во тетовската клиничка болница, бил задржан во полиција за натамошно сослушување.
„Денес околу 14.00 часот во СВР Тетово Т.Ј. од Теарце во својство на доктор, пријавил дека во село Слатино бил повикан за интервенција од М.З. од тетовско Слатино која ги нашла нејзината ќерка К.Ш.(36) и нејзината малолетна внука во нивната семејна куќа без знаци на живот, каде што од негова страна била констатирана смрт“, соопшти СВР Тетово.
Медиумите јавуваат дека семејството живеело под тешки услови, додека пак и двајцата родители биле со посебни потреби.
Според информациите, полицијата не нашла знаци на насилство и телата на мајката и ќерката биле пронајдени легнати во различни кревети.
Обдукцијата ќе помогне да се утврди причината за смртта, која се шпекулира дека е труење со печурки.