Најмалку 65 лица се водат како исчезнати откако лизгање на земјиштето однесе два патнички автобуси во реката во Непал, јавува Анадолија.
Несреќата се случила во областа Читван, 86 километри западно од главниот град Катманду.
Индрадев Јадав, главен окружен директор на Читван, рече дека несреќата се случила околу 03:30 часот по локално време, објави дневниот весник Катманду пост.
Тројца се спасиле скокајќи од возилото
Еден од автобусите со 41 патник сообраќал од Катманду до Гаур, додека другиот автобус со 24 патници од Биргуњ кон Катманду.
Тројца патници во автобусот за Гаур успеале да побегнат скокајќи од возилото.
Читван е меѓу 77-те области на Непал во југозападниот агол на провинцијата Багмати.