Балкан

Несекојдневен инцидент во Хрватска: Мечка нападна човек, му го повреди лицето

Несекојдневен инцидент во Хрватска: Мечка нападна човек, му го повреди лицето

Синоќа мечка нападна и полесно повреди 64-годишен маж во областа на Плитвичките езера во Лика, Хрватска, соопштија денеска од полицијата Лика-Сењ и од Општата болница Госпиќ.

Според информациите, нападот се случил во градот Чујиќ Крчевин, а мажот се здобил со повреда на раката и гребаници по лицето.

Директорката на болницата Сандра Ќубиќ за агенцијата Хина изјавила дека повредениот е во стабилна состојба и е опериран.

Граничната полиција излегла на терен и утврдила дека нападот се случил во внатрешноста на Националниот парк Плитвички езера синоќа околу 22:30 часот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни