4NEWS.mk

Несекојдневна појава во село Јуб, распука земјата во должина од неколку километри, се чувствува мирис на гас

По катастрофалниот земјотрес што Албанија ја погоди утрото на 26 ноември, во селото Јуб,во близина на Драч се појави несекојдневна појава. Земјата распука во должна од неколку километри, а мирис на гас сè уште се чувствува.

– Видовме голем пламен непосредно по земјотресот, што беше со интензитет од 6,4 степени и почувствувавме силен мирис на гас низ целата област. Земјата е распукана од нашето село па се до близина на Ѓири и Лазрит (Заливот на Лазри), изјавија жители на селото.

Во некои делови пукнатината  е со широчина од еден метар а длабочината е до 20 метри.

Низ целото село се гледаат длабоки дупки а земјоделските површини се покриени со глина. Се уште се чувствува мирис на гас поради што жителите се преплашени.

Тие бараат во селото да дојдат стручни лица за да го објаснат овој феномен.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Весна Јаневска, министерка за образование 22.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни