Македонија

„Несигурни и нестабилни“ – обележан меѓународниот ден на пензионерите

На прославата на меѓународниот ден на пензионерите, неколку од нив за ТВ21 изјавија дека се незадоволни од сегашната состојба.  Тие велат дека треба да им се зголемат пензиите, како што се прави со платите.

Претставникот на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување, МАПАС, Дарко Саздов, вели дека работат во правец за подигнување на свеста кај граѓаните.

Според Законот за пензиско и инвалидско осигурување, осигуреникот стекнува право на пензија кога ќе наполни 64 години за мажи, односно 62 години за жени и најмалку 15 години пензиски стаж.

Извор: ТВ21

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Андреј Петров, платформа 12:05 29.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни