4NEWS.mk

Несреќа на автопатот Тетово-Гостивар, 5 лица повредени!

Несреќа на автопатот Тетово-Гостивар, 5 лица повредени!

На 28.06.2023 во 09.40 часот било пријавено дека на автопатот Тетово-Гостивар се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.И.(26) од с.Боговиње, патничко возило „фиат пунто“, управувано од Н.Г.(41) од с.Градец и патничко возило „сеат леон“, управувано од Ч.З.(28) од Гостивар, двете со гостиварски регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатник од возилото „голф“ Г.И.(50) од с.Боговиње, а други четири лица од возилата се здобиле со телесни повреди, констатирани во Општата болница Гостивар.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни