4NEWS.mk

Несреќа на патот Битола – Прилеп, има повредени

Сообраќајна несреќа во која повредени се две лица се случила вчера околу 21:15 часот на патот Прилеп-Битола, на место викано „Бучила“.

Од МВР информираат дека во несреќата учествувале товарно возило „Цитроен“ со штипски регистарски ознаки, управувано од В.Г.(57) од Радовиш, и патничко возило „Сузуки Свифт“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.Б.(31) од Прилеп.

-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил В.Г., а со телесни повреди се здобил Д.Б. по што биле пренесени во Градската болница Прилеп за укажување на лекарска помош, велат од МВР.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни