Две лица се повредени во тешка и несекојдневна несреќа во Скопје, кога се судриле „шкода јети“, сопственост на МВР и возило форд транзит.
Во 19.30 часот на булеварот „Киро Глигоров“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „шкода јети“, сопственост на МВР, управувано од В.С. и патничко возило „форд транзит“, со светиниколски регистарски таблички, управувано од 39-годишниот Д.М. од Скопје.
Во незгодата со повреди се здобиле возачот В.С. и сопатникот од истото возило З.П. и биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.
Увид не местото извршила екипа од СВР Скопје.
