Свет

Нетанјаху: Договорот за ослободување на заложниците е блиску

Нетанјаху: Договорот за ослободување на заложниците е блиску

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес им кажа на семејствата на заложниците приведени во Газа дека договорот што ќе обезбеди нивно ослободување може да биде во блиска иднина, соопшти денес неговиот кабинет.

Нетанјаху во моментов е во Вашингтон и треба да се сретне со американскиот претседател Џозеф Бајден подоцна оваа недела, откако тој ќе одржи говор пред Конгресот, пренесува Ројтерс.

Тој се обрати и до семејствата на заложниците во Вашингтон, велејќи дека несомнено созреваат условите за договор за нивно ослободување.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни