4NEWS.mk

Невин лежел во затвор пет месеци, загина под урнатините кратко по пуштањето на слобода – жална приказна од Албанија

Момчето Кристиан Преци е идентификуван како една од шесте жртви на земјотресот кој ја погоди Албанија, а тој по неправедната робија неодамна е пуштен од затвор.

Репортерката на емисијата „Boom” Арјана Лоце објави на својот Фејсбук профил негова фотографија и напишала дека по нејзинот прилог во емисијата тој е пуштен на слобода откако поминал пет месеци невин во затвор.

За жал, момчето не уживало долго на слобода, а новинарката изрази сочуство до неговото семејство. Инаку не постои официјална потврда дека момчето е еден од шесте жртви на земјотресот.

Извор: Сител телевизија

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни