4NEWS.mk

Невладините со 4 барања пред Пендаровски за аерозагадувањето

Почна вториот дел од седницата на Советот за национална безбедност, на која за прв пат ќе се расправа за аерозагадувањето.

Пред почетокот на средбата, претставниците на невладините организации рекоа дека ова е последна врата на која тропаат.

Според нив, власта ги пробила сите рокови за решавање на проблемот. На маса пред претседателот Стево Пендаровски ќе достават 4 барања, забрана за увоз на отпад, преиспитување на дозволите на хидроцентралите, при инспекциите на терен да учествува и полицијата и контрола при изградба на дивоградби.

Елена Милошевска

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни