Бурното време и неколкуте инциденти предизвикаа серија итни интервенции на противпожарните и комуналните екипи во струмичкиот регион во текот на денешниот ден. Пожарникарите-спасители мораа да реагираат на повеќе локации за отстранување паднати дрвја од патиштата и гаснење пожари.
На терен веднаш беа мобилизирани три тимови на пожарникари-спасители, кои дејствуваа по утврден приоритет, во тесна координација и содејство со екипите на ЈПКД „Комуналец“.
Локации на кои беше интервенирано:
- Паднато дрво: на локалниот пат во с. Просениково.
- Паднати дрвја: на патот кон с. Добрејци.
- Запалена викендица: сериозен пожар во близина на Брана Водоча.
- Паднато дрво: на патниот правец Куклиш – Свидовица.
- Паднато дрво: во с. Дабиле.
- Запалена сува трева: пожар на отворено во с. Добрејци.
Градоначалникот Јанков рамо до рамо со екипите
Заедно со спасувачките екипи и комуналните работници на сите погодени локации беше и градоначалникот на Општина Струмица, Петар Јанков, кој одблизу ја следеше ситуацијата и координацијата на терен.
Работата на сите служби продолжува непрекинато сѐ до целосно отстранување на последиците, ослободување на патиштата и целосно санирање на сите материјални штети во општината.