4NEWS.mk

Невреме со град го зафати кумановското село Пчиња

Невреме проследено со силен дожд, град, електрични празнења и силен ветер го зафати синоќа кумановското село Пчиња и предизвика штети на земјоделските култури, а поплавени се и семејни куќи, подрумски и помошни простории, информираа денеска жителите од селото.

Информацијата ја потврдија и од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово, од каде посочија дека само еден жител пријавил штета, поплавени простории во семејна куќа.

Невремето предизвикало и штети на земјоделските култури.

Извор: Сител телевизија

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни