Македонија

Невреме со засилен ветер и грмежи зафати делови од Македонија

Невреме со засилен ветер и грмежи зафати делови од Македонија

Невреме проследено со пороен дожд, засилен ветер и силни електрични празнења зафати неколку региони низ државата, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Според последните мерења и набљудувања, нестабилност е регистрирана во следните региони:

  • Охридско-Ресенски Регион: Нестабилно е северно од Ресен, како и североисточно и југоисточно од Охрид.
  • Дебарско: Градоносни и нестабилни облаци се забележани југоисточно од Дебар.
  • Тиквешија: Нестабилност со пороен дожд и засилен ветер има и северно од Кавадарци.

Од УХМР напоменуваат дека атмосферската нестабилност има генерален правец на движење од север кон југ. Се препорачува претпазливост, особено за возачите кои минуваат низ овие патни правци.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни