Силниот ветер кој денеска го зафати гевгелискиот регион предизвика сериозен инцидент во градот. Дел од лимената кровна конструкција на Средното општинско училиште (СОУ) „Јосиф Јосифовски“ е откорната и одлетала од објектот, по што случајот веднаш бил пријавен на итните броеви.
Нема повредени, службите се на терен
Првичните информации се среќни во несреќата – нема настрадани лица при инцидентот.
„Според информациите, нема повредени лица“, потврдуваат надлежните.
Веднаш по добиената пријава, активирани се сите надлежни служби за да го обезбедат теренот. Известени се и на терен излегуваат екипите на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Гевгелија, локалната самоуправа (ЕЛС Гевгелија) и полициската станица.
Побарана е итна интервенција од службени лица на МВР и другите институции кои ќе преземат понатамошни мерки за санација и безбедност согласно своите надлежности.
