Македонија

Невреме во Кочани: Поплавени куќи

Невреме во Кочани: Поплавени куќи

Вчера во попладневните часови, во периодот од 16:55 до 17:25 часот, градот Кочани бил зафатен од невреме проследено со дожд и силен ветaр што има предизвикано штети и проблеми во секојдневието.

ТППЕ Кочани интервенирале на поплавени подрумски простории во две куќи на ул.Роза Петрова, а интервенирале и поради паднати дрва на влезот од населбата Оризари и позади асфалтната база Гранит, како и интервенција на падната бандера во двор на ул.14та Бригада.

Поради безбедносни причини од страна на ЕВН на споменатите подрачја електичната енергија била исклучена, a потоа нивни екипи се на терен заради воспоставување редовно снабдување со електрична енергија.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни