Македонија

Невреме зафати повеќе делови од Македонија, УХМР издаде итно предупредување

Невреме зафати повеќе делови од Македонија, УХМР издаде итно предупредување

Нестабилното време што беше најавено од метеоролозите попладнево донесе поројни врнежи, грмежи и засилен ветер во повеќе делови од државата, а најпогодени се регионите во централна и јужна Македонија.

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира дека е регистриран развој на поинтензивни атмосферски процеси, особено во Мариовскиот регион и подрачјата источно од Прилеп, каде што временските услови се најнеповолни.

Според најновите податоци од радарските и сателитските мерења, нестабилноста е проследена со електрични празнења, засилен ветер и локална појава на град.

Од УХМР наведуваат дека во западните делови на земјата се регистрирани слаби до умерени врнежи од дожд, додека источно од Кратово има пороен дожд и грмежи. Најизразени се процесите во Мариовскиот регион, каде покрај поројниот дожд и грмежите, е забележана и појава на град.

Надлежните апелираат до граѓаните да бидат внимателни, особено во подрачјата погодени од невремето, поради ризик од локални поплавувања, намалена видливост и силни налети на ветер.

Посебна претпазливост им се препорачува и на возачите кои се движат низ погодените региони, со оглед на можноста за брзи промени на временските услови и отежнат сообраќај.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни