Македонија

„Ние ќе се повлечеме и ќе се молиме да останеме живи“: Мицкоски се откажа од набавката на нов владин авион!

„Ние ќе се повлечеме и ќе се молиме да останеме живи“: Мицкоски се откажа од набавката на нов владин авион!

Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека Владата се откажува од планираната набавка на нов воздухоплов, по низата критики во јавноста и обвинувањата од опозицијата.

Прашањето за обновување на владиниот авион тој го оцени како „беспредметно“ и го остави во аманет на некоја идна влада.

„Ние ќе се повлечеме од таа набавка и ќе се молиме да останеме живи. Доколку се урнеме некаде, и доколку починеме, тогаш претпоставувам на сите ќе им стане јасно дека оваа дебата била излишна“, изјави Мицкоски, нагласувајќи дека новиот авион, освен за државни, требало да служи и за хуманитарни цели.

Објаснување за досегашните летови Премиерот детално реферираше за четирите пати кога го користел владиниот „лирџет“:

  • Будимпешта и Виена: За билатерална средба и итно враќање поради неодложни обврски.
  • Белград: Патување на настан по покана од сестринска партија.
  • Сплит: Враќање од работна вечера и одмор, по испуштен комерцијален лет.
  • Тирана: Службено патување со шефот на кабинет и советникот за надворешни работи.

Мицкоски упати критики до опозицијата за политизирање на темата, тврдејќи дека и покрај претходните неформални договори за поддршка на ваква набавка, сега се користат „ниски страсти“ за напад врз Владата. Иако авионот е во возна состојба, тој потсети дека иницијативата за нов воздухоплов дошла директно од екипажот кој управува со него.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Град Скопје 15.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни